world-food-day

СВЕТСКИ ДЕН НА ХРАНАТА!!! 16ТИ ОКТОМВРИ

Денес се одбележува Светскиот ден на храната. На 16ти октомври 1945 година основана е Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (Food and Agriculture Organization of the United Nations). Светскиот ден на храната го одбележуваат и други организации чие поле на дејствување е безбедноста на храната. Такви се Светската програма за храна (World Food Programme) и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (International Fund for Agricultural Development).


Обидете се барем денес да консумирате поздрави оброци, а во иднина обидете се да го намалите и отпадот од храна кој го креирате бидејќи со тоа ќе придонесете и до подобра заштита на животната средина.

 

Read More

Untitled design

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЛУЃЕТО КОИ СЕ ВАЖНИ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС. КОРИСТЕТЕ FACEBOOK AUDIENCE INSIGHTS

Кога имате поголем увид во клиентите и нивните карактеристики, ќе испорачувате значајни пораки. Токму тоа е целта на Facebook Audience Insights, нова алатка дизајнирана да им помогне на “продавачите“ да дознаат повеќе за нивната целна публика, вклучувајќи и збирни информации за географски, демографски карактеристики, однесувањето на потрошувачите и многу повеќе.


Пример, сакате да ја подигнете свеста за Вашиот луксузнен женски моден бренд, а Вашите производи ги продавате во физичка продавница. Во тој случај, Вие би сакале да знаете колку луѓе кои користат Facebook, живеат во близина на Вашите продавници. Понатаму би сакале да знаете кои се нивните интереси, нивното минато однесување при купување, како и која е нивната преференција при купувањето (онлајн наспроти во продавница). Користејќи Audience Insights можете да ги сортирате информациите на следниот начин:

– Демографија – Возраст и пол, начин на живот, образование, статус на врска, работно место и големина на домаќинството.
– FB фан страни кои им се допаѓаат: фан страните кои најмногу им се допаѓаат, во различни категории, како на пример: облека за жени или спорт.
– Локација и јазик – Каде живеат луѓето и на кои јазици зборуваат.
– Користење на Facebook – Колку често луѓето кои се Вашата целна публика се пријавуваат на Facebook и кои уреди ги користат за тоа (таблет, лап топ, мобилен).
– Купување – однесување при минато купување (често купува женска облека) и методи за купување (на пример во продавница, онлајн).
Можете да ги видите овие информации за три различни групи на луѓе:
– Луѓе на Facebook (општа публика на Facebook)
– Луѓе поврзани со Вашата FB фан страна или настан
– Луѓе кои спаѓаат во Custom Audience – публика која Вие сте ја создале (составена од вашите тековни клиенти)

Audience Insights е различна алатка од Page Insights, бидејќи ги разгледува трендовите за Вашите сегашни или потенцијални клиенти преку Facebook, додека Page Insights ги разгледува интеракциите со вашата FB фан страна (т.е. коментари и акции).

За да започнете да ја користите Audience Insights алатката , упатете се на следниот линк: facebook.com/ads/audience_insights

Read More

Untitled-1

Најдобрите нови бизнис идеи за 2016 година

Дали сте подготвени да навлезете во светот на претприемништвото? Сега е вистинското време да го направите тоа. Благодарение на социјалните мрежи разните начини кои постојат за финансирање на бизнисите, како и константната еволуција на технологијата, 2016 е годината која е најпогодна за започнување на сопствен бизнис.

Не знаете од каде да почнете? Имаме добра вест! Благодарение на трендовите коишто се појавуваат секојдневно, даваат милион начини на кои можете да ги капитализирате вашите идеи. Во наредните неколку денови ќе Ви откриеме неколку бизнис идеи коишто би можеле да Ве инспирираат и да го поттикнат Вашиот претприемнички дух. (more…)

Read More

Karieren pat - Koncept

Сакате да ги задржите најдобрите вработени? Покажете им ја иднината

Вработените денес сè повеќе се фокусираат на иднината.  Последните истражувања кажуваат дека вработените наместо вербата дека моментот на нивното унапредување ќе дојде со тек на време, тие повеќе сакаат да знаат кога точно да го очекуваат денот на нивното нагорно поместување на кариерното скалило. (more…)

Read More

fb messanger

Пред неколку денови Facebook повлече една од опциите којашто корисниците не ја “сакаа“

Facebook официјално го повлече фолдерот “Other“ во делот на пораките, што е големо олеснување за сите корисници. “Other“ фолдерот, кој беше видлив само доколку се пристапи на Facebook преку веб пребарувач, содржеше пораки од оние корисници на Facebook, кои не ни се пријатели. (more…)

Read More

twitter_london prilagodena

10 Twitter маркетинг грешки кои мора да престанете да ги правите!!!

Социјалните мрежи претставуваат одлична бесплатна алатка којашто компаниите можат и треба да ја искористат. Twitter особено, претставува платформа која е одлична за активна комуникација и дружење со публиката на брендот, но ако ги направите погрешните чекори можете да се најдете во ситуација во која „твитате“ на празно, или уште полошо, со навредлива содржина. Следуваат 10 најчести грешки кои треба да ги избегнувате користејќи ја социјалната мрежа Twitter. (more…)

Read More

enterpreneur

ЕВЕ ШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА GENERAL MOTORS СПОДЕЛИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ НА СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА LINKEDIN

Пред околу една година, Мери Бара стана претседател на Управниот одбор (SEO) на една од најголемите американски компании, Џенерал Моторс, откако работелa таму со години. Ова е нејзината приказна, каде што објаснува што научила во првите 90 дена на новата позиција.

(more…)

Read More

getty creative -- royalty free -- awkward interview, uncomfortable businessman, job interview, office, work, nervous, anxious, boss employee Just Shoot Me

LIZ WESSEL, ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА СТАРТ АП И ПОРАНЕШЕН ВРАБОТЕН ВО GOOGLE, СОВЕТУВА ДА НЕ ГИ ПРАВИТЕ СЛЕДНИТЕ 4 ГРЕШКИ ПРИ ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА

Интервјуто за работа е вашата шанса да оставите “убиствен“ прв впечаток и да го убедите менаџерот кој го прави интервјуто дека токму вие сте “вистинскиот избор“ за работното место. Сепак, честопати тремата, нервозата или недоволната подготовка прават да изгледаме неодговорни и некомпетентни при разговорот за работа. (more…)

Read More

fb

5-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ (SOCIAL MEDIA) И СОЦИЈАЛНОТО ВМРЕЖУВАЊЕ (SOCIAL NETWORKING)

За да се разбере разликата, пред сè треба да се дефинираат поимите социјален медиум и социјално вмрежување.

Социјалните медиуми претставуваат форма на електронска комуникација, преку кои корисниците создаваат онлајн заедници за споделување на информации, идеи, лични пораки и други содржини (пр. видеа).

Социјалното вмрежување, пак, претставува процес на создавање и одржување на лични и деловни односи, особено онлајн. (more…)

Read More

IMG_2421

Одржана обука за “Ништовност и рушливост на договори и надомест на материјална и нематеријална штета од лекарски грешки и од сообраќајни незгоди„

На 29 септември 2015 година, во просториите на КОНЦЕПТ се одржа еднодневна обука на тема: “Ништовност и рушливост на договори и надомест на материјална и нематеријална штета од лекарски грешки и од сообраќајни незгоди”, која ја реализираше судија Антоанета Димовска, Судија во Основниот суд Скопје 2. (more…)

Read More